Брошури – Каталози

Брошури – Каталози

Брошури или каталози се претставителен и елегантен начин за едукација на одредена тема, како и начин компаниите да ја запознаат пошироката јавност со своите процеси, производи или услуги како и соодветно да ги презентираат и промовираат истите.

Брошури или каталози се печатат и изработуваат на разни типови на хартија (од 80 гр до 300 гр кунздрук, во една, две бои, колор, со пантонски бои. Може да бидат лакирани и пластифицирани, со мат или сјаен пластификат, на сјаен или мат кунздрук, на офсетна хартија во опсег од 80 гр до 140 гр како и на модни картони и фабриано федригони.

Содржината и бројот на страните во брошурата и каталогот се различни и може да се движат од 4,8, и 16 па и до повеќе стотини страни – зависни од потребата на клиентот и намената за која се подготвува. Најчесто корицата на каталогот или брошурата се печати на подебела хартија од 150 гр до 350 гр додека внатрешноста на хартија од 80 гр до 150 гр.

При изработка на брошури и каталози може да се користи и селективен УВ лак на сегменти заради постигнување на повисок квалитет и поголем ефект.


Концепт, дизајн и печатење на сите Ваши 
брошури и каталози.


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти