Менија и подметачи

Менија и подметачи

Менија и подметачи се користат во ресторани, хотели, барови, кафетерии и пицерии и се наменети за запознавање на клиентите и гостите со понудата на угостителскиот објект.

Самите менија се изработуваат во бројни модели и димензии. Може да се изработуваат на хартија од 80 гр до 300 гр со пластификат, кои може да бидат захевтани или ставени во тврд повез.

Корицата може да биде изработена од кожа, скај или друг сличен материјал.

На корицата може да биде отштампан називот со сито штампа, офсет штампа, а може да биде втиснат и сув жиг со клише под температура.

Внатрешноста на сите менија може да се печати во една, две бои и колор како и пантонски во офсет или дигитална техника.

Подметачи се печатат на 130 – 170 гр кунздрук и задолжително се пластифицираат, а потоа одат на каширање на сива лепенка со дебелина 1,2-2,2, мм.

Подметачи се печатат офсетно или дигитално.

Спој на ефективно и функционално преку креативната форма на изразување.


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти